Од идеја до реализација!
Секоја радост е потполна кога е и заедничка.Така е и со новата Црква ,која благодарение на голем број на верници ,интензивно и успешно се гради.Во период од околу 2 и пол месеци стигнавме до фазата кров.
Секоја цигла секој камен си има своја историја и дава белег и душа за сите нас кои на било кој начин учествуваме во изградбата на Црквата.
По завршувањето на кровот за кој исто така ни е потребна Вашата помош ,во зависност од финансиите ќе преминеме и кон заедничко понатамошно планирање и целосно довршување на Црквата.
Следуваат неколку фази ,како што се -
Фасада
Електрика
Парно
Плочки
Внатрешно молерисување
но исто така ќе бидат потребни и црковни предмети ,за внатрешно уредување на Црквата ,ентериер кои ќе бидат благолепието на нашата Црква.Потребно е влезна врата,прозори,странични врати,лустер,голем крст кој ќе стои на врвот на Црквата,св.престол,кандила,масички резбани за иконите,црковни предмети и многу други нешта.
А исто така ќе почнеме и со планирање на иконостасот и икони ,и икони(фрески ) нацртани на зидовите.
Секој еден од нас кој може и сака е добредојден да донира некои од овие елементи ,кои ќе бидат за здравје ,успех и напредок на Вашите фамилии.
Контактирајте ги членовите на Црковниот одбор и свештеникот и заедно да успееме да ги обезбедиме сите потребни предмети.