Градба на нашата Македонска православна црква

Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ беше основана во 1990 година, и во 2002 година ја купи поранешната новоапостолска црква во Дортмунд-Хусен. Од самиот почеток ова место беше место на привлекување за многу верници од Дортмунд и околината. На неделните и празничните богослужби од година во година присуствуваа се повеќе верници. Посебно на големите христијански празници Божиќ, Велигден и други празници јасно се виде колку многу верници привлекува црковната општина. Брзо стана јасно дека просториите на општината во блиска иднина нема да можат во оваа форма да ја покријат потребата.
Во 2009 година започнаа првите размислувања за проширување. Се земаа во обзир повеќе варијанти. Во управниот одбор на општината беа дискутирани сите можности: од доградба, реконструкција, како и новоградба. Најпосле се дојде до заклучокот дека градбата на една нова Mакедонска православна црква би било од најголема корист за општината. Со добиениот простор од новоградбата, постојниот објект би можел да ја превземе улогата на простории на општината и повеќестрано да биде користен. Така, мали прослави, како на пример венчавки, крштевки како и црковни празници ќе можат да бидат оддржувани во овие простории. Исто така и децата ќе имаат можност да ги користат просториите за нивните проби на фолклорната група, којашто моментално за своите проби мора да зема простории под наем во околината.
Градбата на новата црква и повеќестраното користење на идните општински простории го прават овој проект така интересен. После првото планирање и првите разговори со управата за урбанистичко планирање на градот Дортмунд беше јасно дека единствено финансирањето на проектот може да биде пречка за остварување, бидејќи купувањето на недвижнината беше направено пред само 7 години и таа најголема инвестиција на општината ја имаше испразнето општинската каса и со тоа проектот мораше да биде ставен во мирување.
Понатамошни 7 години подоцна – во 2016 година – долго посакуваниот почеток на проектот. Со купувањето на плацот во јули 2017 можеше да се започне со директното планирање.